Ема Вотсон, Кара Делевињ и Алисон Вилијамс согласни во стилот избраа светкави креации на вчерашното доделување на MTV Movie and TV Awards. Британската актерка Ема Вотсон, која вчера беше добитничка на првата неутрално родова награда, се појави во црн фустан украсен со крупни светкави пулејки, а во светкаво расположение беа и манекенката Кара облечена во креација на Ив Сен Лоран и Алисон која носеше златно-зелен фустан од Галија Лахав. Филмските награди на музичкиот канал MTV од годинава се надополнети и со награди за телевизиски остварувања.
Погледнете ги највпечатливите светкави комбинации од вчерашното доделување:
Нема коментари