Трендовите доаѓаат и си одат, но остануваат фотографиите во галеријата на „Инстаграм“ како своевиден онлајн потсетник. Досега пишувавме за повеќе модни парчиња, кои се хит меѓу славните личности од Холивид и од модниот свет. Изминатиов период може да се забележи дека повеќето девојки, музички, филмски и модни ѕвезди објавуваат селфи-фотографии со светкава шминка. Ела Фенинг, Суки Вотерхаус, Соланж Ноулс, Флоренс Велч, Марина Линчак и други постираа фотографии со ваков мејкап. Потсетуваат дека блеткавите сенки за очи, руменила за образи и кармини не мора да ги носиме само на новогодишните празници и на некои други свечености, туку дека тие може да се применат во секојдневниот и вечерниот изглед.
Нема коментари