Ако Вера Ванг се смета за авторитет во дизајнот на венчаници, а францускиот слаткарски бренд Ladurée во креирањето вкусни десерти, тогаш кога ќе се спојат несомнено ќе се добијат ексклузивни свадбени торти со печат на две познати имиња, микс на вкус и стил. Познат по производсто на најдобрите макаронси, францускиот слаткарки бренд Ladurée отсега во својата понуда ќе има стајлиш торти за свадби креирани во соработка со американската дизајнерка Вера Ванг.
Тие заедно создадоа слаткарка уметност – торти на кат со тесто што е микс на кокос, манго и ванила, со фил од кокос и украсени во елегантен стил. Има и торта декорирана со макаронски. Дизајнерата Ванг учествуваше во повеќе фази на креирањето на тортите, не само во осмислувањето на изгледот, туку и во комбинациите на вкусови. Оваа услуга на Vera Vang x Ladurée ќе биде достапна една година, но само во њујоршката филијала на слаткарскиот бренд.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари