Пикторесните предели на Патагонија, најужниот дел од Јужна Америка, беа совршена сценографија за свадбата на францускиот моден продуцент Александар де Бетак со Софија Санчез Баренечеа, во која се споија неколку идеи – научна фантастика, каубојци, карневал и класични латиноамерикански танци.
Софија и Александар приредија тридневна церемонија со многу дружење и играње, а самата венчавка се одржа на плажа. Арт директорката Софија носеше фустан од висока мода на „Валентино“ и чевли од Николас Кирквуд, а Александар класичен костум од Алесандро Сартори. Инаку, де Бетак во модата е долго време, бидејќи неговата компанија Bureau Betak се занимава со продукција на модни ревии и организација на настани на луксузни брендови, а порано беше во брак со француската манекенка Одри Марно.
Нема коментари