Идеална свадбена свеченост и незаборавен ден кој што долго ќе остане во сеќавање и ќе се раскажува, е сонот на секој брачен пар; затоа „Скопје Мериот“ е опцијата што нуди многу можности со кои ќе успеете вашата свадба да ја направите едно незаборавно и исклучително искуство и да создадете сопствена бајковна приказна. Овие се десетте факти што ќе помогнат да создадете идеална свадба.
Факт 1 – Место со дизајнерски уреден и високо стилизиран ентериер што на вашата свадбена веселба ќе даде екстравагантен амбиент.
Факт 2–Можете да ја обоите свадбата во вашата омилена боја, преку илуминацијата на целата просторија од спектакуларниот лустер.
Факт 3–Единствениот подиум за танцување од каде што започнува вистинската магија на свадбената веселба.
Факт 4–Располага со бројни детали и декоративни орнаменти, коишто добро и осмислено искористени во просторот, на вашата свадба ќе и дадат печат на автентичност и уникатност.
Факт 5–Посебната просторија пред влезот во големата сала може да ја искористите за организирање мал прием за вашите гости и на тој начин да создадете момент на блискост, а свадбата да добие сосема поинаков концепт и тек.
Факт 6–Со користењето на програмата Mаrriott Rewards при организирање на вашата свадба во „Скопје Мериот“ добивате тројно повеќе поени, кои што потоа може да се искористат за бесплатно ноќевање во кој било од нашите над 4.000 хотели во 70 држави низ целиот свет. Посебно добра можност за вашето свадбено патување.
Факт 7 – Професионален тим кој што ќе ви помогне во конципирање и осмислување на целата свадбена церемонија и ќе овозможи овој посебен ден да биде вашата лична бајковна приказна.
Факт 8–Добивате ексклузивен подарок – првата брачна ноќ да ја поминете во една од уникатните соби на хотелот.
Факт 9–Достапноста на платформата MeetingsImagined која нуди решенија, знаење и каде може да се најдат идеи, трендови, слики, како и различни концепти за свадбениот ден да изгледа совршено.
Факт 10–За да ја продолжите вашата љубовна бајка онаму каде што започна, за првата годишнина „Скопје Мериот“ Ви подарува романтична вечера во ресторанот и бар, „Дистрикт“.
Нема коментари