Синот на Каролина од Монако Пјер Казираги, седми по ред за наследство на тронот на малото европско кнежество, викендов се венча со својата долгогодишна девојка, богатата италијанска наследничка од аристкратско семејство кое датира уште од стар Рим, Беатрис Боромео. Беатрис на својата свадба смeни два фустана креирани од модната куќа „Валентино“ – на денската церемонија во кралската палата во Монако носеше романтичен розов шифонски фустан украсен со тантела, а за вечерната забава во ексклузивниот Hôtel de Paris се пресоблече во посмела толета избрана од последната колекција на висока мода на куќата. Невестата не случајно избра креации од „Валентино“, нејзиниот дедо своевремено бил извршен директор на оваа луксузна модна куќа. На 1 август следи црковната венчавка на Пјер и Беатрис што ќе се одржи на некој од Бороемејскиот острови во италијанскито езеро Маџоре, кои се во сопственост на семејството Боромео.
Нема коментари