По повод Денот на вљубените дизајнерот Мајкл Корс претстави нова колекција со чанти и други додатоци во која доминираат розовата нијанса, златото и светките. За Американците Св. Валентин е најромантичничниот ден во годината кога се подаруваат предмети во знакот на срциња и црвена боја. Но, во лимитираната колекција на Корс, покрај црвената, повеќе ја има розовата и виолетовата боја. Valentine’s Day колекцијата содржи повеќе видови чанти, футроли за фотоапарат, романтични привезоци, паричници, чевли и накит во боја на розово злато.
Нема коментари