Познатата модна блогерка Сузана Лау, попозната како Сузи Бабл се впушти во стилистичка сторија со моделите од последната колекција на шведскиот бренд & Other Stories, сестринска фирма на H&M. Главна тема е миксот на бои и шари што ја одликува уличната мода, па неслучајно во мини кампањата учествуваат ѕвездите на уличната мода, блогерката Сузи (Style Bubble) и фотографт Фил О (Street Peeper). Сузи позира во свои стајлинзи во модели со интензивни бои, цветен принт, фолклорни шари и екелктични комбинации. Брендот & Other Stories често остварува соработки со дизајнери и блогери, а веќе ја очекуваме новата капсулна колекција на руската креаторка Вика Газинска.
Нема коментари