Суши!? Хамбургер!? Не, ова е суши верзија на хамбургер, некаде се споменува дури и суши пита, и претставува нов хит на Инстаграм од светот на гастрономијата. Во изгледот потсетува на хамбургер или мала слоевита пита, но всушност e направен од сирови состојки карактеристични за јапонското суши, како ориз, ракчиња, васаби, краставица, сусам, сирова риба, авокадо… Клучно е што наместо лепче се користат две парчиња направени од ориз меѓу кои се редат другите состојки. Суши бургерите може да бидат мали и да се јадат како залче, но и поголеми и да се јадат како класичен сендвич. Суши хамбургерите прв пат се појавиле во Јапонија во 80-тите, како дел од понудата на тамошниот ланец на ресторани MOS, а сега е повторно тренд како во одредени ресторани, така и на социјалните мрежи.
Нема коментари