Кои десет намирници се заслужни за чиста, здрава и бескпрекорна кожа? Суровата храна треба да биде дел од вашата исхрана, а следниве намирници гарантираат здравје и блескав тен.
Кељ
Содржи каротеноиди кои се богати со антиоксиданси. Комбинирањето со темни лиснати зеленчуци помага во борбата против воспаленија и го прочистува црниот дроб кој пак е заслужен за детоксикација на кожата. Инаку, доброто варење и чистата кожа се поврзани процеси.
Ореви
Преполни се со витамини Б и Е кои помагаат во борбата против слободните радикали кои се главни причинители за стрес и брчки. Исто така содржат омега-3 масни киселини кои помагаат да се зајакне мембраната на кожата, па таа останува хидратизирана.
Цитрусно овошје
Витаминот Ц во цитрусните и тропски овошја помагаат во производството на колагенот.
Риба
Добро е ако сакате сашими или суши, но доколку не саката сурова риба, тогаш лососот и туната се одлична алтернатива, бидејќи се преполни со омега-3 масни киселини кои се добри за хидратација на кожата.
Морков
Богат е со витамин А и биотин кои се потребни за развојот на новите клетки во кожата. Содржи антиоксиданси кои помагаат во борбата против воспаление на кожата.
Спанаќ
Преполн е се анти-ејџ антиоксиданси и минерали како витамин А, Ц и К кои исто така се заслужни за хидратација.
Бобинки
Малините, капинките и сличните бобинки содржат антиоксиданси кои ја штитат кожата од стареење.
Репка
Може да ја прочисти крвта од нечистотии, а со оглед на тоа што кожата е одраз на состојбата на крвта, почиста крв значи поубава кожа.
Јаболко
Содржи полифеноли кои важат како природен крем за сончање
Бадемово млеко
Бадемот и другите млека од јаткасти плодови се богати со бакар, минерал кој е потребен за производство на колаген. Богат е и со манган кој не само што ја штити кожата од УВ зрачење, туку и го спречува црвенилото и чешањето.
Нема коментари