Еден од најголемите моменти од Миланската модна недела оваа сезона беше кога Донатела Версаче повторно ги обедини легендарните супермодели од 90-тите години, во чест на нејзиниот починат брат Џани Версаче и на 20-годишнината од неговата смрт. На ревијата на „Версаче“ за колекцијата пролет-лето 2018 се појавија некои од омилените манекенки на Џани, меѓу кои и Клаудија Шифер, Наоми Кембел, Карла Бруни, Хелена Кристенсен и Синди Крафорд. Уште еден омаж на Џани и златното доба на супермоделите е новата пролетна кампања на „Версаче“, во која се фотографирани Наоми, Жизел Бундшен, Кристи Тарлингтон, и новите лица Џиџи Хадид и Каја Гербер, ќерката на Синди Крафорд.
Засега се откриени неколку визуели од кампањата, фотографијата е на Стивен Мајзел, а комплетната камања заедно со видеа ќе биде претставена на 18 декември. На остатокот на фотографиите позираат супермодели од различни генерации, како Ракел Цимерман, Наталија Водјанова, и моделите од новата инстаграм-генерација – Кара Тејлор, Биргит Кос, Ное Луси Браун, Грејс Елизабет…
Колекцијата на пролет 2018 му оддава почит на Џани, кој ја основал италијанската куќа и беше на чело на брендот сè до својата смрт во 1997 година. Кембел во кампањата позира во златен металик фустан кој потсетува на креација на Џани, а неговото присуство се забележува и во поп-арт шарите животинскиот принт и мотивот на „Медуза“. „Наоми мораше да биде покрај мене во оваа посебна кампања што го слави Џани. Таа ми е фамилија. Неверојатно беше снимањето на оваа кампања, опкружена од сите мои пријатели, некои од нив и пријатели на Џани, на кој оваа колекција е посветена Во исто време почувствував толку многу различни емоции, но сите беа многу позитивни“, вели Донатела Версаче.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари