Пет Кливленд, Амбер Валета, plus size манекенката Ешли Греам, трансродовите Андреја Пејиќ и Хари Неф, потоа Ања Рубик, Џордан Дан, Наташа Поли и други супермодели од различни генерации и области беа ѕвезди на вчерашната ревија на шведскиот бренд за достапна мода H&M, одржана во рамките на Париската модна недела. Идејата за разновидност на модните писти е сè уште неоставрлива за повеќето модни куќи, кои и понатаму бираат ултра слаби манекенки претежно од белата раса, но презентацијата на колекцијата за есен-зима 2016/17 на H&M покажа дека таа разновидност може да се постигне ако се сака и брендот избра модели од различни етникуми, возраст и облик на тело.
Нема коментари