Кога модната консултантка Џорџија Тордини се појави на улиците на Париз за време на неделата на висока мода облечена во фармерки и со свилено кимоно одозгора, поттикна нов моден спој кој наиде на прифаќање од страна на модните следбеници. Нејзиното кимоно наликува и на долга свилена пижама, со што новата тенденција може да се збогати со неколку алтернативни комбинации – џинс + долго свилено кимоно/ џинс + свилена пижама/ џинс + свилен мантил. Со ваквите миксови обичните фармерки се претвораат во елегантна стилска комбинација, која може да ја носите летово, но се предвидува дека ќе биде актуелна и следната сезона.
Нема коментари