Британската манекенка Суки Вотерхаус дизајнира нова линија патики за брендот Superga. Таа се појавува и како заштитно лице на промотивната кампања, позирајќи во стилот на 60-тите години. Во колекцијата застапени се обувки со дебел бел ѓон, а има избор од сребрени, светлосини, темносини, темноцрвени и зелени модели. Патиките се инспирирани од нејзниот престој во Париз. Во Британија ќе се продаваат по цена од 45 фунти.
-Многу сум возбудена за колекцијата што ја дизајнирав за Superga. Уживав додека креирав за брендот и во давањето дел од себе во процесот на дизајнирање. Се надевам дека патиките ќе им се допаднат на купувачите-изјави 22-годишната манекенка, која е позната и како девојка на актерот Бредли Купер.
Нема коментари