Модниот онлајн магазин Stylist.mk е номиниран во три категории на изборот „Сајт на годината 2017“, и тоа за: „Најдобар сајт “, „Мода и убавина“ и „Забава“. Вашите гласови може да ги дадете на веб страницата sajtnagodinata.mk, каде што треба да се пријавете со вашиот e-mail, потоа отворете ја вашата електронска пошта каде што ќе пристигне линк за гласање. Од линкот можете да гласате само еднаш. Гласањето од интернет посетителите почна во петокот на 24.11 и ќе трае заклучно со 10.12.2017. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени. Победниците ќе бидат објавени на 16.12.2017 на свечена манифестација, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија.
Mанифестацијата „Сајт на Годината” во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по осми пат оваа година.
Изборот има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.
И оваа година покрај гласовите на жири комисијата во вкупните гласови ќе влезат и гласовите на интернет посетителите. Секој посетител на веб страницата на Сајт на Годината има можност да гласа за најдобрите сајтови преку веб апликацијата. Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите.
Stylist.mk изминатите години бешеноминиран во повеќе категории, а 2015 година се најде на втората позиција во категоријата за најдобри веб страници од областа на „Мода и убавина“.
Нема коментари