Модниот онлајн магазин Stylist.mk е номиниран во шест категории на изборот „Сајт на годината“: „Најдобар сајт“, „Мода и убавина“, „Најдобар дизајн“, „Образование, наука и култура“, „Најдобар мобилен сајт“ и „Забава“. Вашите гласови може да ги дадете на веб страницата sajtnagodinata.mk, каде што треба да се пријавете со вашиот e-mail, потоа отворете ја вашата електронска пошта каде што ќе пристигне линк за гласање. Од линкот можете да гласате само еднаш. Секој интернет посетител може да распредели три гласа во секоја категорија, и тоа 10, 6 и 2 поени. Гласањето за најдобрите македонски сајтови за 2014 година почна во понеделникот и ќе трае до 05.12.2014.
И оваа година покрај гласовите на жири комисијата во вкупните гласови ќе влезат и гласовите на интернет посетителите. Секој посетител на веб страницата на „Сајт на годината“има можност да гласа за најдобрите сајтови преку веб апликацијата. Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите.
„Сајт на годината“е манифестација која по петти пат во Македонија ги избира најдобрите веб сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep An Eye, а под покровителство на Град Скопје, ИАБ Македонија и Министерството за информатичка технологија. Избор за „Сајт на годината“е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградувањае на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија. Најдобриот веб сајт за 2014 ќе биде прогласен на 11.12.2014 година во фоајето на МОБ во Скопје.
Нема коментари