Со враќањето на модата од 90-тите години, во стајлинзите на блогерите и ѕвездите се вратија и малку подзаборавените џинс комбинезони. Тие се удобни, лежерни и подогни за многу комбинации. Тие се Stylist.mk моден предлог за овој викенд. Може да изберете и кратки и долги варијанти, со различна нијанса на тексас. Со еден модел на овие т.н. целосни фармерки можете да направите неколку стајлинзи и двата викенд-денови да изгледате постојано ново.
За утринските прошетки в парк или средба со пријателите на кафе може да изберете маичка по прерамки или со куси ракави, со линии или со интересен принт на ракавите, а похрабрите може да се одлучат и за краток топ или беби дол (доколку имате комбинезон припиен за телото). На нозете имате широка палета со избор, од патики, еспадрили, римјанки и сандали.
За на ручек и во попладневниот перод, може да ги споите со кошула по кратки ракави или свилена или лелева блуза во впечатлива боја. Во опција се и моделите од тантела, како и посвечените блузи . Сетоа тоа комбинирано со поелегантни балетанки, оксфордки или високи потпетици.
Нема коментари