Моделот Реми Мухаџери, кој по потекло е од Македонија, доби специјална награда на изборот Австриски машки топ-модел за 2013 година, што деновиве се одржа во Виена. Тој ќе биде заштитно лице на League of Gentlemen, компанија која стартува од јануари. На покана на организаторите, Stylist.mk деновиве присуствуваше на престижниот избор во Салата за свечености на Paolo’s World, каде што во жирито беше и Мистерот на Македонија за 2013 година, Ивица Симоновски.
Во неделата вечерта (15 декември) за машки модел на Австрија за 2013 беше прогласен Бернардо ди Оливиера (22) од Долна Австрија. Тој по потекло е Бразилианец, но е роден и живее во Виена.
Со два поени зад него застана Жером Џекш (19) од Линц, Горна Австрија, на третото место во оваа напорна битка се најде Пол Џитковиш (18) од Оберпулендорф. На четвртата позиција се најде Семиш Герик (19) од Ранквајл. Петти е Барис Гурбуз од Новиот дел на Виена, а листа ја заокружи Вилахер Маркус Пихле (20), кој го доби Kärnten Rang 6.
Минатата година Им Илја Лавал ја доби почесната титула, за него тоа значеше отстрел за почеток на една национална и меѓународна кариера како модел.
За прв пат оваа година, Агенцијата 1st Avenue, прва и засега единствена агенција само за машки манекени во Австрија, го организира овој настан. За две години оваа млада агенција се стекна со лиценца за Jade-Models, меѓународни машки модели. Доминик Вахта од Jade-Мodels е одушевен од организаторскиот тим на Ненси Каналополоу.
-Ние со Ненси и 1st Avenue најдовме многу добри партнери, а манифестацијата беше повеќе од успешна-вели тој.
За време на вечерта публиката ја забавуваа кабаре-дуото од Виена „Флекерлтепих“. Во составот членуваат Роб Ван и Манфред Брунерна, кои одушевија со својот шарм и хумор. Забавната програма беше збогата со балетски настап, каде што составен дел од кореографијата беа машките модели, како и еден битбокс-изведувач. За стајлингот на машките модели беа одговорни Азер Гунис и неговиот тим.
Жирито го сочинуваа: топ-моделот на Австрија за 2013 година Ана Марија Јурисиќ, модниот уредник Мајк Јорк, Јурген Пендил, екс-моделот Рене Ентнер, познатиот мејкап артист Азер Гунис, ПР-дамата Мануела Дорн, моделот Романа Мартиновиќ , дизајнерот на Cassida, Мајкл Куестер и менаџерот на Jade-Models Доминик Вахта.
Победникот, на First Face како и на следното Cassida Modeshow, така и на Label Pink Rebell, доби вредносен чек од Fatou-Fashion, 1 st Avenue Model Academy Workshop, Lookbook-Shooting со Manfred Danner. Ќе доби и 2.500 евра во готово од Schaden24. Второ пласираниот и трето пласираниот добиваат најразлични награди како и пари.
Меѓу ВИП гостите кои присуствуваа на настанот беа и Амбасадорот на Република Македонија во Австрија, Ѓорѓи Филипов, со сопругата, почесниот конзул во Виена, Вилхем Редер и дизајнерот Ла Хонг. Во Paolo’s World во извонредно расположение, со многу шампањ се славеше до раните утрински часови.
Австрискиот топ-модел постои од 2006 година, а од 2009 се избира и австрискиот машки модел. Наспроти женскиот избор, на кој беа квалифицирани по две девојки од секоја сојузна република, во Male Мodel-Contest се одржуваат повеќе кастинзи. Најдобрите 18, независно од сојузната република, доспеваат до влез во финалето.
Ексклузивно од Виена , Снежана Ј.Богдановска.
Превод: Биљана Биновска
Нема коментари