Ниските температури не мора да значат намален интензитет на стилски зимски комбинации. Наспрема вообичаеното мислење дека во зима треба да бидеме целосно покриени во незграпни темни капути и обуени во гломазни чизми, модните познавачи ќе ви понудат колорите и широк избор на поинаков зимски стил. Шарени бунди од вештачко крзно, волуменозни џемпери со ролка, палта со принт, дебели плетени шалови, пелерини како старо/нов момент, слоеви од интересни парчиња и чизми до глужд со дебела потпетица во стилот на 60-тите. Бидете стајлиш и на најголемиот студ и разиграјте ја зимата со бои и впечатлива облека.
Нема коментари