Студентите на ФИНКИ по предметот Медиуми и комуникации направија мало истражување со цел да го испитаат јавниот став кон одржливата мода и зелениот пристап кон ланецот на текстил. Оваа анкета претставува дел од нивната студентска иницијатива за промовирање на совесното тексилно производство и потрошувачка како дел од циркуларната економија, наречена Одржлива мода.
Своето мислење го споделија 78 учесници, од кои 61.5% од женски и 38.5% машки пол. Главната целна група на ова истражување беа млади на возраст од 18-24 години, кои учествуваа со 76.9% од оваа анкета.
Резултатите кои ги добија се следните:
1. 51.3% од испитаниците никогаш не слушнале за терминот „одржлива мода“.
2. 25.6% од испитаниците купуваат нови парчиња облека барем еднаш месечно, 43.6% на неколку месеци, 19.2% само по потреба а 11.5% многу ретко.
3. 65.4% од испитаниците најчесто пазарат од брендови на брза мода, 23.1% купуваат облека од локално производство, 9% купуваат дизајнерски брендови а само 2.5% купуваат половна облека.
4. 53.8% решаваат да се ослободат од старата облека кога е видливо износена и оштетена, 41% кога ќе престане да им се допаѓа/ќе излезе од мода и 5.2% кога ќе им се смали.
5. 20.5% ја фрлаат старата облека, 48.7% ја подаруваат на помлади членови од семејството, 52.6% ја донираат во добротворни цели додека 21.8 ја чуваат за во иднина.
6. 80.8% од испитаниците носат или носеле облека подарена од други лица.
7. 39.7% се изјаснија дека никогаш не би купиле половна облека наспроти 60.3% кои би купиле.
8. 25.6% се изјаснија дека не би купиле облека направена од рециклирани материјали.
9. 69.2% од испитаниците би платиле повисока цена за одржливо парче облека, 26.9% се против оваа идеја, додека 3.9% немаат оформено мислење на темата.
Нема коментари