Леопардoвиот капут е секогаш во мода. Трендоткој е популарен веќе неколку децении, оваа сезона го поддржаа многу дизајнерски брендови како Etro, Dior,Lanvin и Dolce & Gabbana, но надвор од опциите од модните писти, постојат голем број на комбинации кои ѕвездите во уличниот стил ги сакаат. Еве неколку начини како да носите капут со овој смел дезен. Оние што преферираат рокенрол стил го спојуваат со маичка со логото на омилениот бренд, фармерки и други парчиња кои реферираат на рокенрол естетиката. Романтична нота ќе добиете ако леопард-капутот го облечете со женствена блуза или фустан со карнери. Иако самиот животински принт е максималистички, може да го носите во минималистички манир, односно кога акцентот е само на капутот, во микс со едноставна црна облека и само со додатоците што ви се потребни како чанта и обувки. За полежерен и помладешки изглед се комбинира со дуксер или со патики. Леопардовата шара добива нов ефект кога се носи додатоци во некоја интензивна боја, како на пример со црвени ракавици, чанта или шапка.
Нема коментари