Модниот бренд Страдивариус продолжува да ги открива стиловите и трендовите за следната сезона, новата есенска кампања се фокусира на џинсот – фармерки, тексасни јакни и џинс-фустани. Понудени се повеќе видови на фармерки, главно со лежерен крој, со висок струк, во стилот на mom jeans, со широки ногавици и во ретро стилови. Комбинациите се едноставни и лежерни, а се надополнети со блејзер, мокасини, маички со бретели, кошули и безбол капчиња.
Нема коментари