Модниот бренд „Страдивариус“ го поздравува месецот јуни со неколку нови колекции за лето 2020, во кампањата Color Tastes Good фокусот го става на пастелните бои и смета дека боите имаат добар вкус. Снимена во амбиент на пазар на зеленчук и овошје, во кампањата се промовираат романтични летни парчиња, модели со точки, поло маици од тенко плетиво, костими со бермуди, а главната улога ја имаат светлите и пастелни бои. Стиловите се разновидни, па брендот понуди креации кои можат да се носат на работа во канцеларија, на прошетки низ градот, за време на дружење со пријателите и најблиските, на лежерни вечерни излегувања.
Нема коментари