Деновиве се раскажува една пресмешна ситуација поврзната со строгата уредничка на американски Vogue Ана Винтур и умислениот музичар кој сака да биде дизајнер Канје Вест. Имено, Винтур ја посетила ревијата на Канје Вест за колекцијата Yeeze Season 3, направена во соработка со „Адидас“, што се одржа во салата на Медисон Сквер Гарден, во рамките на последната Њујоршка модна недела. Уредничката дошла многу порано, како што вообичаено прави, и била седната во огромниот ВИП сектор.
Долго време седела сама, додека не се наполнат редовите околу неа со Кардашијан кланот. Потоа следело претставување на Канје на она што уредничката го нарекува „мигранстски шик“, а 45 минути по почетокот Винтур решила да си замине, и барајќи го излезот залутала низ подрумските ходници на салата која најчесто се користи за спортски настани и музички концерти. Наводно Винтур половина час лутала низ подрумот, што дури ја довело до солзи, сè додека на помош не се појавил чувар на салата. Еве како самата Ана ја раскажува случката во шоуто на Сет Мејерс.
Нешто подоцна Винтур мораше да се извини и за не баш политички коректниот израз „мигрантски шик“, особено во време кога се случува вистонска бегалска криза. „Се извинувам ако забелешката ми беше навредлива на било кој начин. Мигрантската криза е реална, и јас немав намера да го банализирам ова прашање“, изјави Винтур за „Дејли њуз“. А кога ќе се извини што толку многу ги протежира Канје и жената му Ким Кардашијан!?
Нема коментари