Време е да се подготвиме за есенската облека, прилагодувајќи ја гардеробата на променливото време и повремените сончеви денови кои се судираат со оние постудените и врнежливите, а дел од оваа подготовка е и организирањето на деловната облека што ќе ја носите после долгото топло лето. Тоа значи вадење од ормарот на омилениот мантил, на блејзерите и на лесните кардигани, на затворените салонки и на мокасините, и особено применување на слоевитото редење на повеќе парчиња облека кои лесно може да се додадат или одземам зависно од временската пригода.
Се разбира, зависно од вашата канцеларија, одредете дали може да носите џинс и лежерни модни парчиња, или сепак ќе треба да се одлучите за построги, но модерни и стилски комбинации. Предност имаат добро скроените сакоа, трендовските килотки, блузите со панделка и здолништа под колена. Еве примери за инспирација, на вас останува да ги прилагодите во однос на модните додатоци и на карактерот на професијата.
Нема коментари