Летните жештини доцнат годинава, но секако ќе не нападнат периодов и тогаш се јавува едно од клучните прашања – што да облечеме кога е многу топло, а деловниот дрескод забранува голи рамена во канцеларија? Носењето на блузи и фустани со тенки бретели е најголемата модна грешка за на работа, трендовските модели со спуштени рамена се исто така недолични во корпоративниот свет, а истово важи и за кратките блузи што го откриваат стомакот. Но, деловното облекување во лето не треба да значи пренаоблеченост, постојат повеќе софистицирани идеи за соодветен „од 9 до 5“ стил. Најдобрата е фустани и блузи без ракави, но сепак со дебели прерамки – најдобро е работ на ракавот да биде до крајниот агол на рамото, понекогаш неколку сантиметри пократок или подолг. За пример погледнете ги следниве фотографии:
Нема коментари