Во периодот кога во модата доминираат патики, ниски чевли, сандали и трендовски влечки, сепак не можеме да оддолеееме на привлечноста на чевлите со висока потпетица. Постои време, пригода, комбинација во која одговаат високи „штикли“, но има и стилски комбинации со кои по секоја цена треба да ги избегнеме високите потпетици. Еве неколку примери…
Тексасни шорцеви и салонки/сандали со тенки и високи потпетици Дури и кога сакате да ги истакнете нозете, сепак шорцевите изгледаат далеку подобро со интересни ниски сандали или патики. Доколку сакате да додате висина на вашата силуета, направете го тоа со сандали со полни потпетици во бохо стил и со широка, шарена блуза во горниот дел.
Мини здолниште и салонки на платформа Не, оваа комбинација е толку невкусна и изгледа евтино. Заборавете дека салонките на платформа воопшто постојат, особено оние лакованите, флуоресцентните, и особено во спој со припиено, мини здолниште.
Ѕвонести панталони со чевли со отворени прсти Да, широките ногавици може да ги издолжат нозете, ама сè друго зависи од проширувањето на линијата. Треба да се пронајде вистинската формула каде завршува ногавицата, каде почнува обувката, во спротивно ќе изгледате како Кристина Агилера во 2002 година (види фото). Ако веќе сакате да носите ѕвонести панталони заедно со високи потпетици, тогаш ногавоците не треба да бидат подолги од половината на листот на ногата, а сандалите во елегантен и прочистен стил.
Хеланки или тренерки со какви било „штикли“ Ако долниот дел вели вежбање, тогаш чевлите не треба да бидат за вечерно изгегување и журка во клуб. Актуелен е athleisure стилот, ама тенка е линија помеѓу погодување на трендот и дизeлашко/дромски изглед.
Летни сандали со молив-здолниште Повторно, станува збор за координирање на стилот на облеката со стилот на чевлите. Бизнис стил и летни, лежерни сандали во бохо стил со украси, камчиња или реси, не одат заедно.
Какви било штикли во кои е можете да одите Само пребарајте на Гугл Runway fails и сè ќе ви е јасно.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари