Еден од најпознатите модни фотографи, Стивен Мајсел, ќе го сними календарот на „Пирели“ за 2015 година. Како што јавува британски „Телеграф“ , американскиот фотограф, кој зад себе има успешни соработки со најпознатите магазини, топ-модели и модни куќи, за првпат ќе го направи едиторијалот за славниот календар со разголени фотографии.
Во својата богата кариера, шеесетгодишниот Мајсел има фотографирано за американски и италијански Vogue и за магазинот W, а е познат по легендарните фотографии со Мадона, која му е и пријателка. Тој ги направи кадрите за нејзината книга „Секс“ од 1992 година. Миленик е и на влијателната уредничка Ана Винтур. Во продолжение ви нудиме галерија со дел од најпознатите фотографии на Стивен Мајсел.
Нема коментари