Каков е стилот на една вистинска парижанка и кои трикови можеме да ги позајмиме од нејзиниот стил?! Ноншалантност, црвен кармин, едноставни и непретенциозни модни парчиња, разбушавена коса, ова се едни од каратеристиките кои ги пронајдовме и во стилот на Жана Дама. Прво популарна блогерка, па дизајнерка на својот бренд Rouje, Жана Дама сега ја престатвува својата книга In Paris: 20 Women on Life in the City of Light (Во Париз: 20 жени за животот во градот на светлината). Во неа Жана заедно со новинарката Лорен Бастид, зборуваа со 20 жени на возраст од 14 до 70 години, за да создадат остроумен и реалистичен портрет на модерните парижанки, а во исто време да направат возбудлива и необична прошетка низ француската престолнина. Во чест на книгата и на статусот на Жана на стилска икона, да ги ѕирнеме неколкуте нејзини стилски насоки и трикови.
Жана многу често носи фармерки и сако. Иако фармерките се лежерно парче облека, таа ги носи во секакви пригоди и ги комбинира со сакоа во разни бои и материјали, со обични маици или со женствени блузи. Тексасниот материјал го носи во секакви форми, како комбинезон, цел комплет или јакна. Лежерниот стил го заокружува со свечени и интересни модни додатоци, дизајнерски чанти и убави чевли. Сака да се дотера и претпочита фустани во романтичен стил.
ФОКУС НА СВЕЧЕНИ И ВПЕЧАТЛИВИ МОДНИ ДОДАТОЦИ
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари