Оливија Палермо важи за една од трендесетерките кои никогаш не прават стилски грешки. Кои се нејзините модни правила таа открива во разговор со британскиот магазин Look, а според Палермо најголемата грешка е ако не се облекувате според обликот на вашето тело. Оливија советува да правите распар комбинации на модните детали, а во гардеробата да внесувате парчиња купени по достапни цени. На пример, таа често носи парчиња од H&M и „Зара“ и успешно ги комбнира со дизајнерска облека.
1.Носете боја кога времето е лошо. „Секогаш внесувам малку боја во мојата зимска гардероба. Почнете со базични парчиња, потоа редете слоеви и играјте со модата. Во лето сè што ви е потребно е добар фустан“.
2.Не е важно колку пари ќе потрошите „Не се работи за тоа колку некоја облека чини. Секогаш сакам да додадам парчиња од некој high street бренд“.
3.Необлекувањето според обликот на телото е најголемата модна грешка. „Најголемата грешка што ја забележувам кај жените е кога не ги носат вистинските кроеви и облици за нивната силуета“. Таа препорачува да бирате облека што одговара на вашето тело, ако не знаете како, прашајте ги модните познавачи, читајте совети на интернет и преправете ја облеката на шнајдер доколку не ви е точна.
5.Одвојте време за себе.„Самодовербата нема никаква врска со физичкиот изглед, но да изгледате најдобро што може ќе ве направи да се чувствувате најдобро. Носете го она што ве прави да се чувствувате прекрасно, без оглед на трендовите, и потрошете доволно време за шминката и фризурата. Довербата е самоисполнувачко пророштвото, па постојано кажувајте си колку сте прекрасни“.
6.Облекувајте се за себе – не за мажот. Оливија и нејзиниот сопруг Јоханес Хуебл се подготвуваат посебно. Негово мислење бара дури откако ќе заврши со дотерувањето. Понекогаш бара негов совет, но признава и дека често го игнорира на сметка на нејзиното лично мислење.
7.Модните додатоци се направени да се мешаат и комбинираат. „Сакам да си играм со деталите и сакам да мешам бои. Не ги следам правилата од типот дека злато и сребро не се комбинираат“.
8.Црпете инспирација од сè и од секаде. Не се сведува сè на Њујорк, Париз, Лондон и Милано. Нваистина секоја работа и дестинација може да ве инспирира“.
Нема коментари