Британската супермоделка Кејт Мос покрај тоа што е една од најпознатите манекенки на сите времиња, важи и за една од најдобро облечените жени во модата и пошироко. Таа е ултимативна фем фатал со рокенрол стил, чиј иконски стил со децении е инспирација на повеќето вљубенички во модата. Кејт денес полни 43 години (Среќен роденден Кејт!), а по тој повод објавуваме една инспиративна листа на лекции по стил кои лесно може да ги примените.
Останете верни на својот стил –Кејт со години практикува да носи тесни фармерки, кожена јакна, памучна маичка и чизми во црна боја.
Облекувајте се според вашето тело – Манекенката иако е една од најпознатите супермоделки, за разлика од колешките Жизел, Синди и Наоми е многу пониска, па научила дека тесните фармерки и структурираното палто најдобро одговараат на нејзината градба.
Изберете едноставна елеганција – На црвениот килим Кејт избегнува приприени тоалети со длабоко деколте, наместо тоа бира светли, свилени фустани со интересен крој и изгледот го дополнува со женствен црвен кармин и вртоглаво високи сандали.
Верувај му на дизајнерот – Како и Кејт стекнете доверба во својот моден дизајнер, се разбира доколку сте го одбрале за соработка. Манекенката овде е со Марк Џејкобс на Мет Гала во 2009 година, настан за кој одлучила да носи креација токму од еден од своите долгогодишни соработници.
Останете верни на своите икони – Во 2011 година Кејт Мос стапи во брак со музичарот Џејми Хинс облечена во венчаница на Џон Галијано. Тоа предизвика контроверза во светот на модата, бидејќи во тој период Галијано беше отпуштен од „Диор“ поради неговите анти-семитски забелешки и не беше омилена личност во тој свет. Овој провокативен избор беше знак на поддршка за пријателот, кој пак претходно ѝсе нашол на Кејт за време на нејзиниот тежок период. Галијано го креира овој венчален фустан специјално за Кејт, а се шпекулира дека е инспириран од легендарата Зелда Фицџералд.
Осмислете фестивалски изглед – Кејт ни покажа дека изгледот на музички фестивал е доста важен. Во 2005 година таа лансира фестивалски изглед кој е потоа илјадници пати е копиран: мини тексас шорцеви, машки елек врз маичка, гумени чизми и мала чанта преку рамо.
Спарувајте ја облеката со стилот на вашето момче – Стилот на Кејт секогаш е одраз на нејзиниот рокерол живот и нејзините врски со момчињата, почнувајќи од Џони Деп, преку Пит Доерти до Џејми Хинс.
Научете ја моќта на модните додатоци –Тајната на секој стил е во деталите, кај Кејт тоа се ремените и малите марами.
Носете машки парчиња на женствен начин – Машките елеци се еден од препознатливите знаци на стилот на Кејт, парче облека што е позајмено од машкиот гардеробер.
Позајмете нешто и од парискиот стил – Парижанките почнаа да носат тесни фармерки, класично шанел-палто, маичка со пруги и балетанки, Кејт знае како да го копира изгледот на свој начин.
Елегантните костими и црвениот килим се совршен пар – Кејт изгледа женствено и во фрак-сако и панталони, во комбинација со сандали и светкав топ.
Изберете бохо стил – Манекенката многу често ќе ја видите во облека во стилот на 70-тите, како бохо кошула и ѕвонести фармерки Седумдесеттите се навистина нејзината омилена декада.
Смели во леопард принт – Оваа шара ѝе омилена на Кејт, а многу пати е видена во капут со лепардов принт, кој овде е комбиниран со тесни фармерки (повторно!) и моделот патики Gazelle на Adidas.
Пронајдете винтиџ рокерска маичка – Маичките со рокенрол мотив се дел од секојдневниот стил на Кејт.
Правете распар комбинации – Моторџиска јакна врз свечен долг фустан!? Зошто да не… Мешајте кежуал и свечени парчиња по примерот на Кејт.
Нема коментари