Кога сакате да ја разведрите и освежите пролетната облека во ова променливо мајско време, одберете комбинација со бели фармерки. Белата боја носи светлина и оптимизам, па секако е позитивна модна идеја.
Пролетва актуелни се широките кроеви на фармерки, оние во вид карго-панталони, со широки ногавици, но ќе ви се најдат и старите модели со тесен слим-крој.
Зависно од времето надвор, ги прилагодуваме и комбинациите со бели фармерки. Со мантил, џемпер, чизми до глужд или со полесна блуза, патики и мокасини. Добро се комбинираат со сако, со неутрална облека и со детали во поинтензивни бои.
Нема коментари