Иако цветниот дезен обично е асоцијација за пролетните и летни месеци, оваа зима е еден од главните трендови. Се актуелизира со колекциите на Dolce and Gabbana и на Gucci. Цветниот бран го следат и брендовите за секојдневна мода, па цветните шари се среќаваат не само во линиите за потоплите месеци, туку најдоа широка примена кај зимските модели.
Може да се сретне како принт, вез, апликација или како форма и тоа не само на вообичаените модни парчиња, како фустаните, здолништата и блузите, туку ова зема е дел од плетените џемпери, на блузоните, бомбер јакните, извезен како шара на џинсот или на кожените креации. Неретко е дел од капутите или зимаката опрема: шаловите, ракавиците или капите, а могу девојки се одлучија и за чанти и чевли со цветен дезен.
Може да се комбинираат повеќе цветни парчиња, а нема воопшто да изгледа невообичаено ако сте во цветни елементи од глава до пети. Ви претставуваме неколку идеи како да ги носите цветените шари оваа зима.
Цветна шара на капутот
Принт на блузон или џемпер
Цут од глава до пети
Во комбинација со розово
Фустан со цветен вез
Чанти, ранци и други модни детали
Панталони или комбинезони со флорален принт
Декорација на џинс, кожените или бомбер јакните
Нема коментари