Десет години по запознавањето и вљубувањето за време на снимањето на заедничкиот филм „Господин и госпоѓа Смит“, девет години по официјалнато љубовно заедништво и после шест заеднички деца, Анџелина Џоли и Бред Пит конечно се венчаа на тајна свадба во својот дворец „Миравал“ на југот на Франција. Тајната венчавка се случи минатата саботата пред само 22 гости, а нивниот публицист веста за склучениот брак ја објави неколку дена подоцна. Според неофицијални извори Анџелина носела традиционален фустан, но кој го имал печатот на нејзиниот стил – едноставен, долг до земја, од свила и од старинска тантела. Исто така носела предмет што ñ припаѓал на нејзината мајка Маршелин Бертран, како и традиционален вел. Познато е дека меѓу гостите биле родителите, братот и сестрата на Бред, но не и составот на останатите присутни. Засега има само штури неофицијални информации за тајната венчавка, но е и фотографии.
Анџелина и Бред тајно се венчаа во нивниот дворец на југот од Франција. Фотографии од свеченоста нема, а оваа е од избришана сцена од нивниот заеднички филм „Господин и госпоѓа Смит“ (2005)
Стилски Бред и Анџелина се надополнуваат еден со друг. И двајцата сакаат да носат облека во црна боја. За црвениот килим Анџелина најчесто бира креации од „Версаче“ и Ели Саб, но ги сака и моделите од „Сен Лоран“ и често може да ја видите со чанта од „Луј Витон“, бренд за кој настапува како заштитно лице. Бред иако има 50 години сака младешки комбинации, бира темни нијанси и доста сива и бежова боја и често носи капче или шапка. На црвениот килим претпочита да носи свечени костуми или фракови од „Сен Лоран“ или Том Форд
Март 2005
Анџелина Џоли и Бред Пит за првпат се појавуваат заедно на црвениот килим, неполни три месеци по заедничката изјава на Пит и Џенифер Анистон дека се разделуваат по пет години брак. Заедно, а сепак на одредена дистанца, колку дали се избегне сомнежот дека се љубовна двојка
Јуни 2005
Хемијата меѓу нив двајцата веќе е забележлива за време на промоцијата на „Господин и госпоѓа Смит“
Јануари 2007
Доделувањето на Златен глобус како повод за прво појавување на црвен кимлим како двојка. Анџелина носи фустан од St. John, американски бренд што во тоа време го рекламираше
Мај 2007
Одличен момент од црвениот килим за време на Канскиот филмски фестивал, а Анџелина се истакнува со овој жолт фустан од брендот St. John
Септември 2007
Момент од појавувањето на Венецискиот филмски фестивал
Јануари 2008
Во раната фаза од нејзината втора бременост со близнаците Вивиен и Нокс, Џоли носи широк фустан со кафени тонови, инаку винтиџ модел од Hermes
Мај 2008
Два извонредни изгледи на двојката за време на Канскиот филмски фестивал.
Јануари 2009
Црно-бела кобнинација од доделувањето на Златен глобус. Анџелина носи фустан од колекција на висока мода на „Версаче“
Февруари 2009
Расположени и насмеани на црвениот килим на наградите БАФТА, Анцелина носи црн фустан со жолти елементи од Armani Privè
Март 2009
Повторно во црна боја… Анџелина и Бред се фотографирани на доделувањето на „Оскар“, таа носи црн корсетиран фустан од Ели Саб и обетки кои што се нејзин дизајн, тој е во фрак од Том Форд
Мај 2009
На модните експерти ова им е едно од омилените појавувања на црвен килим на двојката. На Канскиот филмски фестивал во 2009 година Анџелина носи прозрачен фустан во беж боја од „Версаче“, Бред е во костум на Том Форд
Декември 2009
На премиерата на својот филм „Турист“ Анџелина облече необичен фустан од кашмир на „Версаче“
Јануари 2010
За паметење е и овој смарагдно зелен фустан од кутур-колекцијата на „Версаче“ што Анџелина го носеше на Златен глобус. Бред е во костим на Салваторе Ферагамо
Јануари 2012
Џоли ја продолжува серијата на фустани од „Версаче“, како нејзин моден избор за доделувањата на главните филмски награди, а овојпат носи светло розов модел со неколку впечатливи панели во црвена боја
Февруари 2012
На париската премиера на своето режисерско деби „Во земјата на крв и мед“, Анџелина носи бел фустан со едноставен крој, но се впечатлив горен дел со стилизиран цвет, креација на Ралф и Русо
Февруари 2012
Доделување на „Оскари“ и фамозмата поза на Анџелина која стана предмет на мемиња поради издадената нога на актерката. Анџелина повторно носи креација на „Версаче“
Јуни 2013
Футуристички изглед за Анџелина во модел на Ралф и Русо на премиерата на World War Z во Германија. Иако се работи за промоција на негов филм Бред избрал полежен стил
Ноември 2013
Најстариот син на Џоли и Пит, Медокс, им се придружи на предоскаровски настан облечен во фрак сличен како оној на „Сен Лоран“ што татко му го носи. Анџелина повторно е во креација од „Версаче“, црн фустан со светкави везени детали, како и накит на Роберт Прокоп, познат јувелир кој во исто време е нивен пријател и дизајнер на вереничките прстени, веројатно и на нивните бурми
Февруари 2014
Анџелина во ултра-шик костим на „Сен Лоран“ успешно му парира на Бред
Март 2014
На последното доделување на „Оскари“ актерката носеше беж фустан со светкави мониста од колекција на висока мода на Ели Саб
Мај 2014
На премиерата на Maleficent Анџелина изгледаше смело во овој кожен и необичен фустан од „Версаче“
Нема коментари