Марамите се едни од најинтересните модни додатоци, во постудените месеци носиме подебели марами или ги заменуваме со шалови. Тие ја разигруваат стилската комбинација, но не треба да доминираат, затоа што понекогаш можат да го „уништат“ стајлингот.
На некои им тешко да комбинираат шал со палто или некога јакна што ќе ја носат на отворено – дали да се бираат марами и шалови според текстура и боја? Како да ги врзете? Што да направите за да ги задржите пропорциите и силуетата како што треба?
Не паничете: сè е всушност поедноставно отколку што изгледа. Постојат неколку универзални совети кои ќе ви помогнат по ова прашање. Прво, колку поедноставно, толку подобро. Нема потреба да се обидувате да направите некој комплициран трик со шалот и да го врзете со милион незгодни јазли – една едноставна јамка ќе биде доволна.
Понатаму марамата секогаш можете ноншаланто да ја „зафрлите“ наназад со едниот крај, другиот да го оставите да паѓа напред. Стајлиш и кежуал. Потоа шалот едноставно можете да го ставите околу вратот, така што двата краја ќе висат слободно врз реверите од капутот. Можеби нема совршено да ве загрее, но дефинитивно ќе изгледа концизно и стилски.
Ако удобноста и топлината ви се приоритет, тогаш можете марамата (или не многу дебел шал) цврсто да го завиткате околу вратот неколку пати и краевите да ги потпикнете под капутот, вака ќе изгледа многу стилски и марамата нема да го одвлекува вниманието од вашиот прекрасен капут. На крајот, марамата може да се врзе и со триаголник свртен надолу за да се покрие вратот и да се создаде геометриска игра во горниот дел од силуетата.
Нема коментари