Некаде помеѓу камбекот на модата од 80-тите, везените цветови, џинсот и карнерите, оваа пролет суптилно се враќа и сината кошула со пруги. Иако не е еден од највпечатчвите трендови, ако добро ги анализирате фотографиите од уличната мода во Њујорк, Лондон, Милано и Париз измининатите неколку месеци, повеќе пати, но секогаш со различна комбинација и дизајн се појавува кошулата со сино-бели пруги. Станува збор за варијација од класичниот машки модел, кој доживеа многу верзии и интерпретации: со ѕвонести и балон ракави, со карнери, со цветни везови, со преклоп, отвори и врвци. Има од најкласични парчиња, до асиметрични футуристички верзии. Најлесна и најчеста комбинација е со фармерки или друго џинс парче, а се носи и во спој со мини здолништа на прекло, молив модел, под краток топ или слип фустан со прерамки, во спој со мантил или бомбер јакна. Комбинациите за постудените периоди вклучуваат и ролка, а во летните стајлизни е со разголени рамена. Овој модел е совршен баланс меѓу класиката и повеќеслојната улична кежуал мода.
Нема коментари