Првите ноемвриски денови се во знакот на адаптирање на облеката според температурите надвор, па носиме типична есенска облека како мантил и облека во земјени тонови, но и по некое зимско парче како џемпер. Овој моден избор ни отркива и неколку актуелни трендови како фармерки со широки ногавици, сиво сако, комбинација во црвена боја, кожа како тренди материјал и свиленкасто миди здолниште. Еве неколку стајлинзи што се одлични за овие ноемвриски денови во кои мешаме полесна есенска гардероба со потопли парчиња во пресрет на зимата.
Нема коментари