Празниците пред нас носат денови на забава, семејни вечери, одмор на планина, средби со друштвото, но и дилеми како да се облечете во различна пригода. Клучно е да бидете весели и дотерани, но и соодветно на видот на забавата.
Вечера со семејството
Елегантно, но не премногу секси – ова се клучните зборови за правилен дрескод за новогодишна или божикна вечера со семејството. Избегнувајте премногу куси фустани или длабоко деколте и изберете барем едно светкаво парче во целата комбинација. На пример, металик панталони како Миранда Кер или клач-чанта со светки во комбинација со бел фустан како Алекса Чанг.
Романтична вечера под свеќи
Изненадете го љубениот со романтична вечера покрај новогодишната елка, а во однос на облеката изберете нешто сензуално и заводливо. Малиот црн фустан е класика, а предлагаме да изберете модел со необичен крој или со софистицирана игра во долниот раб како примерот со Алекса Чанг, а може да се одлучите и за комплетно црвен изглед како Кејт Босворт. Се препорачува свила, кадифе и тантела, класична шминка со црвен кармин и гламурозен и не многу нападен накит.
Новогодишна забава со друштво
Ако семејната вечера е смирена и елегантна, журката со пријателите некабиде екскплозивна и бурна. Тоа се одразува и на облеката која е сјајна и сексапилна во пристојна доза. Инспирирајте се од Попи Делевињ која носи црн транспарентен мини фустан, додека Џиџи Хадид избрала светкав фустан со длабоко деколте што е добра опција за младешки изглед. Секако, комбинациите се заокружени и со светкави детали!
На планина
Доколку се одлучите празниците да ги поминете на планина, тогаш свечена облека не ви треба, туку парчиња соодветни за ладно време и снег. Ама тоа не значи дека треба да изгледате досадно и неугледно. Погледнете ги Кејт Босворт и Мирослава Дума кои знаат да изгледаат со стил и кога се на планина – мека и топла јакна, палтенце од вештачко крзно, плетено капче и водоотпорни дебели чизми. Внимавајте на кожата на лицето за да се заштитите од ладниот ветер и плансинското сонце, па постојано нанесувајте хидрантни серуми, балзам за усни и креми со заштитен фактор.
Релаксирано утро по новогодишната забава
Ќе одморате дома со божикни филмови или ќе направите прошетка до центарот на градот!? Што и да изберете потребна ви е удобна и топла облека во која доминираат плетени џемпери и шарени шалови како во комбинациите на Оливија Палермо и Лили Кол. Релаксираниот изглед не треба да значи нестилски и парталав изглед, бидете убаво облечени и додека сте дома во пријатна атмосфера со семејтвото или пријатели.
Нема коментари