Битолската дизајнерка Лили Кадинска која го потпишува својот моден бренд Le Brand ни предложи три свечени и вечерни комбинации кои се базираат на три нејзини креации од различни колекии, а се дополнети со идеи за комплетен стајлинг. „Најлудата ноќ е блиску, а најтешкото прашање овие предновогодишни денови е што ќе носиме. Често терминот најлуда ни се провлекува и во идеите за облека и шминка. Но, во моите предлози комбинирам парчиња облека од три различни колекции на Le Brand во кои решив суптилно и тематски да ја вткаам новогодишната приказна, а сепак тоа да не биде изглед за една ноќ. Со избалансирано користење на сјајните моменти помеѓу облеката, додатоците и шминката сметам дека најдобро може да се постигне шик и гламурозен изглед кој ќе ја поседува потребната магија, а ќе биде наш избор и за многу други моменти и настани“, советува дизајнерката и ни откри дека понудените парчиња може да се најдат во коцептуалната продавница Lotus Design Store во „Скопје сити мол“.
Нема коментари