Блогерка Мери Поповска која стои зад Македонски моден блог открива кои стилови и модели ги применува оваа зима и ги предлага како трендови за тековната сезона. Младата блогерка која во периодов оствари соработка со домашните дизајнери, во својата стилска листа ги вметнува задолжителниот капут, повеќе верзии на здолништа со средна должина и класичното сако од кадифе, а во однос на модните додатоци бира чизми над колена и се повеќе популарниот шешир.
Долг капут
Вечно модерен и приспособлив дури и на идните модни трендови и претстоечки сезони е класичниот ¾ долг капут со едноставен строг крој. Покрај тоа што доминираше на ревиите од еден до друг крај на светот, воедно е функционален – дозволува да бидете модерни додека ви е удобно и топло. Искомбиниран на елегантен начин со допири на стариот добар Холивуд, или во гранџ-стил ова парче е добитно во секој поглед.
Чизми над колена
Листата трендови кои се и удобни и модерни ја продолжуваат чизмите над колена кои загарантирано ќе ги изнаносите во текот на целата сезона. Со сигурност класичните јавачки чизми се задолжително парче во сечиј плакар, но интересната невообичаена висина на чизмите над коленa го дава токму потребниот va va voom детаљ на секоја комбинација. Искомбинирајте ги со фустан или широк џемпер малку пократок од нив и имате комбинација од соништата.
Здолништа со средна должина
Секоја нова сезона задржува дел од старите модни трендови парчиња, па така и оваа. Овојпат сме сведоци на големото враќање на 60-тите и 90-тите години, но и на здолништа под колена. Трендовските парчиња тешко приспособливи на бизнис средина заменете ги со долго здолниште. Комбинирајте ги со високи потпетици за женствен и елегантен изглед како Викторија Бекам, или со рамни чевли доловувајќи минималистички шик аутфит. Краткиот топ е одличен неочекуван избор за похрабар изглед.
Шешир
Можеби најдоминантниот моден аксесоар покрај веќе добро познатите масивни огрлици е шеширот. Покрај тоа што ладните зимски денови се идеални за додаток кој бездруго топли и штити од снег или дожд, ова парче е одличен извор на драма за секоја комбинација. Чоен федора шешир со широк раб или шеширче во стилот на 90-тите ќе го доловат тој ефект.
Кадифено сако
Одговор на прашањето дали класичните парчиња истовремено може да се и модерни е големо да! Ништо не посочува на луксуз и ретро дамствен стил како кадифено сако, а оваа сезона кадифето се врати на модната сцена во сите форми и бои. Мојот избор падна на струкирано сако. Искомбинирано со есенски цветен фустан и чизми над коленици, кадифеното сако додава посебен дамски/еквестријан шмек.
Нема коментари