Колку што заштитува од сонце, сламената шапка толку зборува и за модниот имиџ. Незаменлива е во лето и му пркоси на сите трендови. Избравме осум комбинации на светски блогерки кои може да ве инспирираат ова лето да ја вметнете шапката во својот стил, без разлика дали во моментов сте некаде покрај плажа, или ви е потребен стајлинг за прошетка низ град. Предлагаме шапката да ја носите со бели фустани, шорцеви од тексасно платно во комбинација со маичка со натпис, детали во интензивни бои или со долг шарен фустан и интересни ниски сандали.
Нема коментари