Популарните патики „старки“ со години им пркосат на сите нови трендови и никако да излезат од мода. Моделот Chuck Taylor All Star на Converse, или кај нас познати како „старки“ е лансиран во 1917 година како патики за кошарка, а до денес се омилени платнени патики за повеќе различни генерации. Со претпоставка дека веќе поседувате барем еден пар „старки“ во овој натпис ви нудиме идеи на светските блогерки како да ги комбинирате со различни стилови – романтичен, модернистички, панкерски, гранџ, па дури и боемски.
„Старките“ одлично одговараат со џинс и кежуал парчиња, но може да ги носите со романтични фустани со цветен дезен, како и со облека во рокерки стил. Подеднакво добро се миксаат со долг фустан, шарени панталони или шорцеви. Добро стојат во летни, но и во есенски комбинации. Понекогаш поминуваат и со непредвидливи парчиња облека како кожено здолниште или добро скроено сако.
Нема коментари