Елизабета Димовска две години го води блогот Chic Club на кој објавува написи личен стил, како и теми од мода и лајфстајл, а минатиот месец учествуваше на работилницата за блогери и фотографи на британската стилистка Рејчел Рој во рамките на последното издание на Моден викенд-Скопје. Присуствуваше на неколку ревии на FWSK, а беше забележана по својот имиџ поради што се најде на листата на личности со најдобар стил на настанот според неколку модни дизајнери и уредници спроведен во „Теа модерна“. За Stylist.mk Елизабета откри кои се нејзините топ-5 модни фаворити за сезоната есен-зима 2014/15.
Рамни чизми
Рамни кожени чизми се вистинска класика. Ќе ви дадат софистициран и изгладен изглед. За да доловите вистински племенит стил, бирајте модел со минимални детали. Комбинирајте со фармерки, класична кошула, џемпер од кашмир или класичен блејзер.
Капут без ракави
Капутот без ракави е вистински хит оваа сезона. Дефинитивно„must have” парче кое особено ќе ви се најде во овие есенски денови. Ќе го подигне вашиот изглед на повисоко ниво и дефинитивно ќе бидете во тек со еден од најголемите модни трендови оваа есен. Доволно софистициран за важен работен состанок и доволно кул, слоевито искомбиниран за на коктел после работа. Мојот омилен модел се токму овие на Јована Филиповиќ од нејзината последна есен-зима колекција.
Темно сина боја
И официјално темно сината е новата црна. Заклучок донесен по модните ревии на дизајнери како Chanel, Jil Sander, Lanvin, Chloe и Derek Lam, а со овој заклучок секако се согласуваат и главните диктатори на уличниот моден стил на своите профили на социјалните медиуми. Сведоци сме дека темно сината ја замени црната во секој поглед од капути до модни додатоци. За тотално шик изглед во празничниот период кој ни претстои направете микс од две класики и искомбинирајте темно сини со црни парчиња.
Реси
Ресите се уште еден моден тренд кој завладеа оваа сезона. Есента е одличен период да го испробате овој предизвик, а за инспирација можете да ги посетите блоговите на некои од највлијателните модни блогери кои го прифатија и промовираа овој тренд. За оние кои сакаат постепено да ги воведат ресите во својот изглед, предлагам да почнат од модните додатоци како чанта или чизмисо детали од реси.
Патики
Со самиот факт што истовремено се удобни и тренди, дефинитивно ги надминува сите женски очекувања кога е во прашање овој екстермно модерен детаљ кој со задоволство ви го препорачувам. Супер модерни тренди патики. И тоа не само за во теретана. Од поп ѕвезди до модните икони во првите редови и секако на модните писти патиките владеат веќе некое време. Изберете екстра интересен модел и освен очекуваната џинс- маица комбинација, со мала умешност можете да ги вклопите во вашиот изглед за на работа.
Нема коментари