Супермоделот Кејт Мос и нејзиниот сопруг Џејми Хинс, потоа Фарел Вилијамс и сопругата Хелен Ласичан, безвремените Џејн Биркин и Серж Генсбург, Кетрин Денев и Марчело Мастројани, се дел од листата на style.com за парови со најдобар стил на сите времиња. Мос всушност се најде три пати на листата, со различни мажи во различни периоди, па покрај сегашниот сопруг, ја има и со Џони Деп и Марио Соренти. Стилската листа содржи двојки од сегашноста, некои повеќе не се заедно, а некои нè потсетуваат на старите времиња.
Нема коментари