Манекенката и актерка Дајан Кругер пред неколку дена на премиерата на втората сезона на нејзината телевизиска серија „Мостот“ се појави во црн компет со точки од Ролан Муре, мала чанта со црно-бели линии, но монохроматскиот изглед го разигра со салонки во цитрусно жолта боја. А оваа тенденција се чини дека им е омилена на познатите, па често ја среќаваме како дел од летните комбинации. Важно е моделот да биде едноставен, по можност модел на класични салонки, а бојата може да варира од флуоресцентно жолта до нијанса најблиска до портокаловата. Одлично одговараат со едноставни црно-бели комбинации како онаа на Кејт Хадсон, со лежерен костим по примерот на Тенди Њутон, но и со облека во контрастен тон, како фустанот во боја на циклама на Рита Ора или зелениот топ на Оливија Ман.
Нема коментари