Препорака на стилистите и модните познавачи е прво да ги апсолвирате базичните модни правила и безвременските парчиња што секоја жена треба да ги има во својот гардеробер, пред да се препуштите на смели и трендовски стилови. Ама и постигнувањето на безвременски стил за некого е можеби не е лесен подвиг. Ви нудиме четири едноставни совети и инспирации од модни икони како Инес де ла Фресанж или уредничката на француски Vogue Емануел Алт
Важноста на основни модни парчиња
Секоја жена треба да поседува основни стилски примероци врз кои ќе го гради сопствениот имиџ. Инвестирање во облека и додатоци кои може да се комбинираат и мешаат меѓу себе на интересен начин. Тоа е клучно. На листата на базични парчиња секако треба да имате бела кошула со едноставен крој, црно сако, квалитетни фармерки, беж мантил, класични панталони и модни додатоци во неутрални тонови.
Класични принтови
Неколку шари и дезени никогаш не изглегуваат од мода и веројатноста дека погрешно ќе ги комбинирате е многу мала. Класика се пруги, точки кариран дезен и животински принт.
Парчиња скроени по мерка
Ова првенствено важи за сакоата и панталоните, тие мора да бидат совршено скроени. Безвременскиот стил во голема мера се сведува на познавање на своето тело и на тоа какви форми му одговараат. Во бутиците секогаш бирајте модел на сако што ви е точно во рамениците и со соодветна должина, доколку не ви е сосема точно преправете го на шнајдер. Или нарачувајте модели по мерка.
Балансирани пропорции
Откако ќе набавите облека по мерка, време е да ја стилизирате. Скоро сите стилисти ќе ви препорачаат добро балансира силуета. Успешен изглед е кога се комбинираат припиени форми со волуменозна облека. Секогаш избегнувајте, на пример, премногу широка облека и во горниот и во долниот дел од силуетата. Ако одлучите да облечете тесно фармерки или молив-панталони, дополнете со широк џемпер или палто со поширок волумен.
Нема коментари