Со стартот на модната недела во Њујорк започнува „модниот месец“ кога во четирите светски модни центри ќе се претстават колекциите и стиловите за сезоната пролет-есен 2015. По Њујорк следи Лондон, Милано и Париз на крај, а тоа значи дека најзначајните личности од модата, уредниците, купувачите, блогерите и стилистите ќе патуваат од еден во друг град за да ги проследат модните ревии и за тоа ќе им бидат потребни повеќе комбинации. Ова се претпоставките што ќе облечат.
ЊУЈОРК
Модните уредници и критичари кои штоќе ја посетат Њујошката модна недела се предвидува дека ќе носат луксузни модни парчиња со едноставен крој во стилот на 70-тите години, а во однос на боите ќе изберат жолто-кафена, бордо, тегет и беж, нијанси што ги среќаваме во тековните есенски колекции.
ЛОНДОН
Главниот град на Велика Британија е карактеристичен по младешкиот дух, ексцентричниот стил и смелиот избор на облека и дезени (сетете се само на навахо-шарата од последната колекција на „Барбери“), па за посета на лондонските ревии се препорачува луксузна јакна, шарено здолниште, накитени чизми и необична чанта.
MИЛАНО
Познатите италијански дизајнери во есенските колекции претставија нов поглед на дамската естетика од 60-тите години, па во тој контекст изборот за Милано е црн фустан со нежни карнери од „Валентино“, чевли во стилот на Мери Џејн, ретро чанта и гламурозни детали.
ПАРИЗ
Француската престолнима има некој посебен шарм, свој моден израз, нешто што неспоредливо го означуваме како „je ne sais quoi“. За оваа посета на Париската модна недела експертите предлагаат милитаристички детали, кожени панталони, впечатливи чизми и чанта од „Сен Лоран“.
Нема коментари