Во рамките на својот официјален блог Оливија Палермо води свој дневник на стајлинзи наречен „30 комбинации за 30 дена“, во кој секој ден документира по еден нејзин интересен изглед. Палермо важи за една од влијателните стилски инспирации за девојките ширум светот, а сите тие навистина би сакале да ѕирнат во нејзиниот плакар. Оливија е модерен моден камелеон, а позната е по тоа што успешно комбинира модни парчиња со дизајнерски потпис на „Селин“ и Каролина Херера со поевтини модели од колекциите на „Зара“ и „Асос“. Еве дел од нејзините стајлинзи, а до следните две седмици може да проследите нови комбинации.
Нема коментари