За време на модната недела во Париз стотици модни уредници и новинари, блогери и инфлунсери доаѓаат во градот да ги следат ревиите на звучните модни куќи и дизајнери, но и да бидат фотографирани. Прегледавме многу фотографии од париската улична мода и се обидовме да направиме селекција на изгледи кои оставија впечаток, но и некои кои се лесно адаптивни на нашиот стил, бидејќи можеме да забележиме дека модата за време на модните недели стана поедноставена, практична и не толку гламурозна и свечена. На париските улици видовме анимал принт, комбинации со мантили и сакоа, ролки и џемпери во интензивни бои, костими со панталони, миди и плисирани здолништа, необични чевли, структурирани карирани палта и металик парчиња.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари