Заврши модната недела во Лондон, уличната мода поворно е важен показател за стиловите и трендовите што се актуелни на крајот од оваа зима, но и ќе се носат пролетва. Скандинавските трендесетерки веќе некое време царуваат на светските модни недели, а во Лондон беа највпечатливи. А од модните стилови се издвоија беж комбинациите, мантилите во сите верзии, белите обувки, потоа имаше доза на карирано и анимал, волуменозни сакоа, микс на трендови и комфорни модни парчиња.
Нема коментари